На седницата во Собранието на Република Македонија која што се одржа во октомври годинава, претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во одговор на Стојко Пауновски од СДСМ посочи дека партијата СДСМ е сместена во простории на Министерството за образование.

Груевски го праша Пауновски дали знае како СДСМ се стекнала со партискиот централен штаб и рече дека тоа е направено со замена на државен имот за државен имот односно седиштето е во простории на Министерството за образование.
Дојдено е, појасни, на начин што денешната Влада порано била централен комитет на Комунистичката партија. СДСМ си го сметале за свој како Комунистичката партија да го градела од некои туѓи пари, а не од парите на граѓаните, па тој имот го замениле со објект на Министерството за образование којшто е денеска централата на СДСМ како замена. Значи државен имот со државен имот е заменет при што великодушно се враќа едниот државен имот на државата, значи партијата стекнат со парите на граѓаните на оваа држава, едниот имот којшто тој вели е поголем од тој што го земаат го отстапува за да го добие помалиот имот на Министерството за образование којшто денеска е централа на партијата на СДСМ и е поголема од централата на ВРМО-ДПМНЕ, рече Груевски.
Со имот изграден од пари на граѓаните на РМ вршат замена за друг имот којшто е државен и којшто денеска е нивен партиски штаб, дополни Груевски, истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ имотот постапиле на транспарентен начин, дека секаде може да се видат огласите и да се проверат договорите.
Според Груевски, објектот на СДСМ е државен, и како што рече, граден и финансиран од средства на сите граѓани и оние коишто можеби ја поддржуваат денеска оваа партија но и многу повеќе коишто не ја поддржуваат.
Видовме што мисли народот и за вас и за вашата партија и за вашите приказни. Продолжете така, слободно продложете со лаги, со невистинити, со манипулации, ама погледнете прво во својот двор што сте направиле и не само централата во Скопје туку и другите штабови што ги имате низ Македонија односно дел од штабовите како ги има стекнато вашата партија, кој ги градел, со чии пари се градени, а денеска си ги присвоивте за партијата, рече Груевски.
Димовски: СДСМ да го врати објектот за да биде адаптиран во студентски дом
По оваа…