![sdsm](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/sdsm-2.jpg?resize=696%2C463&ssl=1)
„Владата продолжува со активни развојни економски мерки кои ја стабилизираат економијата, овозможуваат економски раст и раст на платите. Со ребалансот, буџетот продолжува да дистрибуира се повеќе пари назад кај граѓаните. Обезбедени се дополнителни 200 милиони денари за активни мерки за вработување, со што ќе се влијае на намалување на невработеноста и отворање на нови работни места“, соопштуваат од СДСМ.
-Ребалансот предвидува и субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени од 600 до 6000 денари, за што се обезбедени 400 милиони денари.
Оваа мерка од една страна ја сузбива сивата економија, а од друга страна овозможува зголемен прилив на средства во пензискиот фонд.
Трендот на раст на платите продолжува. Од септемвриската плата вработените во јавната администрација ќе добијат покачување од 5 отсто.
Ова се само дел од мерките кои обезбедуваат креирање на силна и конкурентна економија, економски раст и силна и реална поддршка за компаниите“, стои во соопштението на оваа партија.