СДСМ ретерираат и велат дека трасата не е утната, но бараат дополнителни 180 милиони долари

На денешната седница на Собранието на Република Македонија пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска се обрати до владеачкото мнозинство со критика во однос на предлог законот за дополнително финансирање на автопат делница Кичево-Охрид.

-СДСМ си противречи сам на себе повтроно, она што го кажале сега самите го демантираат, тоа е таа нивна пиши бриши политика но за жал од ваквата политика во државава се е стагнирано и ништо не функционира. Се за што ја обвинуваа претходната власт сега го повторуваат и го дуплираат, кога тоа им одговараше трасата беше погрешна сега ретерираат и викаат дека трасата не била погрешна и бараат дополнителни 180 милиони американски долари за истата траса, нагласи Стојановска.

Во понатамошната дискусија, Стојановска упати критика до власта за изминатиот изгубен период во неработење на оваа делница.

-Нема со што да го оправдате едноставно немањето капацитет и интрес нешто да се сработи во интерес на граѓаните е вистинскиот заклучок за овој задоцнет предлог закон. Две години и повеќе не работење а полни усти критики кон оние кои што работеа и за што се оставени реални факти и докази не можете со ништо да ги оправдате, додаде Стојановска.