Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше за функционирањето на СДСМ односно дека тие веќе 5-6 години функционираат преку пласирање лажни вести преку медиуми кои што тие ги имаат. Имено тој додаде дека со тоа што СДСМ лиферува лажни вести мислат дека јавноста ќе поверува на нивните лаги.
-Тоа е еден тренд на функционирање на СДСМ веќе 5-6 години наназад односно пласирање на лажни тези преку еден медиумски апаратус кој што тие го имаат. Вчера гледав прес конференција на портпаролката на партијата која што не соодветствува со реалноста. Они сакаат да создадат перцепција дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило нешто што не е прифатено, и сега мислат дека бидејќи лагата ќе ја лиферуваат два дена на крај јавноста ќе поверува, потенцираше Муцунски.
Имено Муцунски во врска со уставни измени укажа дека во работните групи кои се формирани за уставните измени нема еден професор во Уставно право.
-И затоа велам дека доколку СДСМ мисли дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило под овие околности Уставни измени, еве ги подготвиле Уставните амандмани, во една таа скриена работна група каде што немаше еден професор по Уставно право, ќе потсетам само. Не сакам да ги потценам, најверојатно се компетентни во своите области, но таму немаше еден професор по Уставно право, потенцираше Муцунски.