СДСМ се фали со проекти кои во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа дел од секојдневното работење

Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев и понатаму продолжува со своето неработење и тоа го прикрива со најавувавање на реализиација на мали проекти. Вчера премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и генералниот директор на МЕПСО, Куштрим  Рамадани  направија настан за обична реконтрукција на веќе постоечки 110 КB далновод од Штип до Овче Поле.

-Го означивме почетокот на изградбата на далекуводот Штип – Овче Поле, како дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на електро-преносната мрежа на Република  Македонија и истиот опфаќа реконструкција и изградба на шест 110 киловолтни далеководи. Со овој инвестициски циклус се заменуваат сите армирано бетонски столбови стари и до 66 години.Ова е уште една потврда за нашата посветеност во реализација на ветените развојни проекти и нашите заложби за инвестиции во енергетската инфраструктура кои на долг рок значат подобрување на животниот стандард, вели Заев во неговата изјава.

За овој настан реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ каде посочија дека кога ВМРО-ДПМНЕ била на власт ваквите проекти биле дел од секојдневното работење.

До каде спадна популизмот на Владата на Заев! Во недостаток на вистински, крупни и сериозни проекти, Бочварски, Заев и Рамадани се сликаат пред камери, држат говори како да кој знае се случило. Имено, се работи за почеток на обична реконструкција на постоечки 110 КВ далновод Штип – Свети Николе. Замислете да беше навистина нешто крупно и суштествено! Веројатно и жива музика ќе донесеа.Само за илустарција, АД МЕПСО во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ реконструираше вакви далноводи без никаква помпезност и најави, туку како дел од секојдневното работење.И за да биде иронијата уште поголема оваа реконструкција требаше да биде готова уште пред 2 години. Но, тоа е типично за СДСМ: фалби, помпезност и преувеличување за нешто што не е ни почнато, а требаше да биде одамна завршено, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.