СДСМ: Секоја фирма која имала пад од 30 отсто од добивката добива државна помош

Реакција стигна од партиското седиште на СДСМ за изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Помошта за која денеска манипулира ВМРО-ДПМНЕ е дел од антикризните мерки. Секоја фирма која имала пад од 30 % од добивката добива државна помош под услов парите да ги префрли на работниците и истите да не бидат отпуштени. Ако компанијата оствари добивка, ќе ги врати парите кои ги добила како државна помош. Ако компанијата оствари добивка, ќе ги врати парите кои ги добила како државна помош и ова се критериуми кои важат за сите правни лица кои добиле државна помош. Со оваа мерка за време на кризата со коронавирусот се спасија илјадници работни места, особено во секторите кои беа први на удар на кризата.“ – се вели во реакцијата на СДСМ