ВИДЕО: СДСМ се сили пред избори, а на изборите редовно губи

Пред секои избори СДСМ ги повторува истите прочитани тактики. Веќе вообичаено, најголемата опозициска партија СДСМ се сили пред избори и создава лажна еуфорија само за да го мобилизира членството, а по секои избори доживуваат разочарување и се соочуваат со револтот од граѓаните и исклучително слабата поддршка.

Порталот „Курир“ нагласува дека популизмот и удирањето во гради дека ќе се победи на избори, а без притоа да се испорача програма, работа на терен и да се понуди реален концепт е веќе традиција во СДСМ.  Порталот потсетува дека и претходно, на изборите во 2008-та, 2011-та и последните 2014-та, како и на локалните и претседателски избори кои се одржаа во тој период, како на филмска лента Заев, Радмила Шекеринска и врвот на СДСМ гласно викаа дека ќе победат и дури правеа комбинаторики какви влади ќе составувале.

Таквата самобендисаност и лажно парадерство темелено на неискреност, неработа, одлепеност од народот, и немање на програма и концепт за иднината ги доведуваа до последователни изборни фијаска. Тие на крајот го признаваа изборниот пораз, иако вината ја бараа во народот, а не во СДСМ, пишува „Курир“.

Во продолжение порталот потсетува на некои од изјавите што членовите на СДСМ ги давале пред избори во текот на изминатите години. Меѓу нив се и изјавите на Јани Макрадули кој пред изборите во 2011-та викаше дека Бранко тресе, како и изјавата на Црвенковски кој цврсто уверен гласно говореше дека ќе го победи ВМРО-ДПМНЕ и блефираше повикувајќи постојано на избори.

Откако Груевски, кој беше сигурен во поддршката во народот и со цел да се скрати политичката криза наметната од СДСМ се согласи на избори, Бранко излезе и повторно се силеше кога посочи дека каков и изборен законик да се донел само да се каже денот на избори и СДСМ ќе била тука и ќе победела.

Црвенковски, заедно со целото раководство, како и со Заев и Шекеринска до него гласно убедуваше дека СДСМ ќе победи.


Како по правило СДСМ со истата реторика, секои избори ги опишува како неминовни да се срушела власта и доколку тоа не се случило следувало пропаст. Исто така дел од еуфоријата на СДСМ која секои избори е дежаву и веќе видена е потребата да се докажува бројноста- па така за секој митинг СДСМ велеше дека е најголем, па се лицитираше со смешно големи и нереални бројки од 50, 60 па дури и 100 илјади присутни, пишува „Курир“.

Во продолжение порталот потсетува и на дел од изјавите на членовите на СДСМ дадени пред последните избори во 2014 – та година, кога СДСМ повторно убедуваше дека ќе победи. Стево Пендаровски јавно изјавуваше дека опозицијата води на сите анкети двојната победата се ближи.


И на изборите во 2008 – та и во 2011 – та Шекеринска ја повторуваше истата работа, дека народот се прекршил и одлучил и дека СДСМ сигурно ќе победи.

Тие многу често ветуваа нереални работи, наместо конкретна програма со рокови и проекти тие ветуваа општо работи, необмислени, а добри за уво, нагласува „Курир“.

Притоа, порталот нагласува дека со истиот вокабулар како и до сега Шекеринска ословуваше дека власта е во заминување и дека се работи за режим, иако најголемиот демант за овие тврдења пристигнуваше на изборите од граѓаните, каде СДСМ беше партијата која доживуваше тежок пораз од нив.

На 9 мај 2011 година Шекеринска викаше дека Груевски е пред капитулација.

Исто така, покрај нереалните ветувања, редовен декор во политичката битка на Шекеринска беа и навредите.



На последните избори во 2014-тата, сегашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев загуби со над 200 илјади гласови, а пред изборите велеше дека тој ќе биде идниот премиер и дека знае дека ќе победи со над 100 илјади разлика.


После целата лажна еуфорија, која сега СДСМ и Заев ја повторуваат на денот на изборите следуваше соочување со реалноста и одговор на народот што значеше тежок пораз и изборно фијаско за СДСМ. За СДСМ и тогаш народот беше крив, потсетува „Курир“.


Додека раководството на СДСМ во седиштето на „Бихаќка“ ја смислуваше стратегијата со која требаше да го оправда поразот, на улиците реки од народ се собираа за да слават.

Во пресрет на изборите што треба да се случат следната година, веќе вообичаено, и во овој период СДСМ Заев и Шекеринска почнуваат да го повторуваат сето она што досега веќе сме го виделе. Веќе вообичаено, СДСМ се сили пред избори.