СДСМ: Сите партии што ѝ мислат добро на земјата, ќе изберат интеграција во ЕУ, а не изолација

По 17 години чекање, нашата држава ги започна и води преговорите со ЕУ.

Скрининг процесот што се одвива на официјален македонски јазик тече согласно предвидената динамика и наскоро ќе заврши. Сега, нашата држава е исправена пред сериозна одлука, да го продолжи европскиот пат преку носење на потребните реформи за што е потребна вклученост на сите политички субјекти, соопштија од СДСМ.

Сите партии што и мислат добро на државата и на граѓаите, ќе изберат интеграција во ЕУ, а не изолација.

Време е и Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себеси и барем еднаш во овие 30 години независна Македонија да поддржат одлука со која што државата ќе се интегрира во ЕУ.

Изборот е едноставен: на едната страна е напредок и интеграција во ЕУ, на другата страна е изолација, нови поделби и кавги со соседите.

Мицкоски мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во антиевропскиот блок предводен од Левица, велат од СДСМ.