2.8 C
Skopje
вторник, декември 24, 2024

СДСМ со партиски оглас за државни попишувачи!

СДСМ меѓу своите сопартијци бара државни попишувачи. Скандалозно е како партијата на Зоран Заев го прави партиски процесот за кој велеше дека е статистичка операција, а не политички процес.

На социјалните мрежи, на профилите на СДСМ, се споделува оглас во кој се бараат реонски попишувачи и инструктори.

Тоа значи дека оваа Влада организира попис кој ќе биде спроведен од членови на СДСМ кои работат за интересите на Зоран Заев и ќе ги спроведуваат неговите насоки.

Еве како гласи огласот кој го објавува СДСМ:

ЈАВЕН КОНКУРС
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ
Кандидатите кои ќе се пријават на овој конкурс треба да ги исполнуваат следните услови:
а) Општи услови
• да се државјани на Република Северна Македонија,
• да се полнолетни,
• да имаат завршено најмалку средно образование и
• да немаат засновано работен однос.
б) Дополнителни услови
• познавање на работа со персонален компјутер и
• познавање на соодветниот јазик на заедницата според табеларниот преглед од точка II на овој конкурс.
Кандидатите, својата намера да учествуваат во Пописот ја изразуваат исклучиво преку пополнување и доставување на електронска пријава која е достапна на ВЕБ страницата на Државниот завод за статистика
https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021.aspx (пријава на македонски јазик) и https://www.stat.gov.mk/popis/PrijavaPopis2021_al.aspx (пријава на албански јазик), во периодот од 23.02.-28.02.2021 година.
Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна 01.03.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.
X. Потребните документи кои кандидатите треба да ги достават се:
а) Доказ за државјанство – фотокопија од:
• лична карта или
• уверение за државјанство или;
• важечка патна исправа
б) Доказ дека има завршено најмалку средно образование – фотокопија од:
• свидетелство или
• уверение или
• диплома за завршено образование
в) Писмена изјава дека нема засновано работен однос
г) Писмена изјава дека има познавање од работа со персонален компјутер
Ангажирањето на избраните кандидати ќе биде по основ на Договор за дело.