Фејсбук објава на Ивор Мицковски
Утре ќе се одржат првите внатрепартиски избори со еден кандидат.
З0 години “плурализам” не доведоа до ова дно.
Бројот на активно регистрирани 68 999 членови говори за хеморагија во членството, кое некогаш броеше и преку 100 илјади активни членови, иако непотизмот и партизацијата го доживуваат својот максимум.
Тоа кажува дека бенефициите и привилегите и во партијата се доживуваат како претесни, ограничени на мал круг кој раководи со партијата и нивните полтрони.
Хеморагијата во патриското членство е последица и на соработката со режимот и нивните преставници, увезените конвертити и апаратчици од сите провиненции и професии.
Ова создава плодна почна за предизвикување на единствената линија и едноумието на Заев во СДСМ, нешто што веќе оди на штета на самата партија и на македонската демократија.
Но, да не се залажуваме, оваа фарса од внатрепартиски избори служи само за на Заев да му се даде легитимитет кој повеќе го нема како власт, и да му отвори простор за договор со дел од ВМРО за концентрациона Влада, така отсекувајќи ја опозицијата од политичка релевантност и отварајќи пат Заев да го преземе и ВМРО, се разбира индиректно и преку расположени посредници.
На тој начин штетата ќе биде директно насочена кон СДСМ и кон владејачката коалиција, кон самата актуелна Влада, нешто што Заев не го интересира, бидејќи веќе во “наполеонска” фаза се смета себеси за неизбежен и нужен, единствен фактор кој утре би можел да владее со една, две или ниедна партија.
Со среќа избори и нека победи единствениот кандидат!