
СДСМ продолжува да креира и имплементира мерки и политики кои имаат за цел унапредување на правата на жените и родовата еднаквост, велат од партијата.
Донесен е Закон за спречување и заштита од дискриминација во кој како основа за дискриминација за првпат е вклучен родовиот идентитет. По долги години, Собранието ја ратификуваше Истанбулската конвенција, а донесен е и Национален акциски план за нејзина имплементација. Како одговорна партија остануваме посветени на нашата заложба, за зголемување на квотите на застапеност на жените во политиката на 50 отсто. Тоа го покажуваме и низ сопствен пример. За првпат Извршниот одбор на СДСМ има повеќе жени, од 16 членови, 9 се жени.
Преку бројни мерки обезбедуваме услови за подигнување на животниот стандард и независноста на жените. Градиме фер и праведно општество со еднакви шанси за сите. Зголемена е минималната плата во сите дејсности вклучително и во кожарската, чевларската и текстилната индустрија каде доминантно работат жени кои со години беа дискриминирани. Воспитувачките и негувателките во градинките добија покачување на платата во просек од 3.000 денари, а водиме грижа и жените кои се занимаваат со земјоделство кои имаат можност да добијат неповратен грант до 3.000 евра“, истакнуваат од СДСМ.