Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, на Конвенцијата одржана во Стокхолм, Кралството Шведска, е избран да стане дел од Бордот на Прогресивна Алијанса.
Одлучено е, во Бордот, највисокото тело што ги дава политичките насоки и решава за најважните организациски и политичи прашања на Прогресивна Алијанса да бидат членови претседателот на СДСМ, Зоран Заев и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.
“Ова е голема чест и голем меѓународен успех на СДСМ. Прогресивна Алијанса е меѓународно движење на прогресивни сили од цел свет. Има повеќе од 140 партии и организации од над 80 земји низ целиот свет. И ние ја добивме честа да го водиме и да го предводиме ова движење” изјави премиерот Заев по изборот.
-Во бордот на Прогресивна Алијанса се и премиерите на Шведска, Португалија и Шпанија и премиерките на Данска и на Нов Зеланд.
Во бордот се и главните лидери на опозицијата во Австралија, Австрија, Норвешка, Холандија, како и други политички лидери од цел свет.
Заедно со нив ќе ја водиме глобалната коалиција на прогресивни сили и ќе создадеме подобро утре за сите нас“, рече тој.