СДСМ – тоа е партијата во која поранешниот прв разузнавач Кире Наумов е стечаец, а потпретседателката на партијата Радмила Шекеринска средна класа, напиша на својот „Твитер“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.
Неговата реакција следи откако на вчерашните протести на стечајци од Куманово и Струмица беше забележан високиот фунционер на СДСМ, Кире Наумов.
СДСМ е партијата во која Радмила Шекеринска е средна класа, смета тој, а според аферата која неодамна беше обелоденета, таа добива месечно 5.317 евра за кирија од фирмата во која работи нејзиниот сопруг, за стан кој е во нивна сопственост и во кој живеат. Кирија наплаќаат за сопствен стан заради тоа што самите живеат во него и за тоа добиваат 10.000 денари дневно.
Од друга страна, Кире Наумов вчера се појави во улога на стечаец. Поранешниот советник на Бранко Црвенковски и директор на Агенцијата за разузнавање можеше да се забележи меѓу стечајците вчера, но не во првите редови, зошто СДСМ тоа им го препушти на постарите луѓе кои тргнаа во напад на полициските службеници, додека Наумов гледаше од безбедна дистанца.
Самото присуство на Наумов на протестот на стечајците пред Владата, за кои ВМРО-ДПМНЕ обвини дека се донесени со автобуси од општините со кои раководи СДСМ, Струмица и Куманово, доведува до конотација дека најголемата опозициска партија директо стои зад вчерашните протести.