
СДСМ не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена, вели поранешната пратеничка од СДСМ Весна Ангелова, воедно и ќерка на поранешниот амбасадор во Унгарија, Атанас Вангелов.
После 7 години владеење на СДСМ и мое 30-годишно членство во оваа партија, со големо жалење морам да го констатирам следново:
– сдсм не направи апсолутно ништо добро за државата.
– сдсм ја напушти социјалдемократската определба
– сдсм ги направи македонците граѓани од втор ред
Направената штета од лошите политики е далеку поголема од штетата што ја направи Скопје 2014.
Сдсм не само што треба да замине во историјата, туку треба да се избрише од политичката сцена, порача таа.