СДСМ трубеше дека има превработеност во админситрцијата, а вработува специјални советници

Само една седмица откако владиниот генерален секретар Драги Рашковски и новиот министер за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски пред медиумите се жалеа дека во Владата и другите институции имало превработеност и пребројност, во понеделникот сепак објавија оглас за нови вработувања во Владата.

Новата влада објави јавен оглас за вработување на 13 извршители посебни советници во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кабинетот на генералниот секретар на Владата на Република Македонија и Кабинетите на министерите без ресор на определено време во Генералниот секретаријат. Како што е наведено во огласот, платата ќе изнесува 36.873 денари.

Ваквиот оглас доаѓа откако пред само една седмица владиниот генерален секретар Рашковски и министерот Манчевски на дебатата со граѓанскиот сектор на тема реформа на администрацијата, организирана од Министерството за информатичко општество и администрација, тврдеа дека јавната администрација се соочувала со превработеност.

„Во јавната администрација има превработеност, но и недостиг од стручен кадар, рече Манчевски, што практично значеше бркање од работа на партиски неподобни лица, а на нивно место вработување на партиски кадри, што и се случува преку огласнот за нови вработувања.

Рашковски тогаш тврдеше дека една од првите задачи на новото работно место му било да најде начин како и каде да ги распредели новите 80 вработени во генералниот секретаријат. Тој додаде дека „пребројноста треба да не плаши во смисла на оптеретување на државниот Буџет“.

Она што за Манчевски беше превработеност, а за Рашковски пребројност очигледно траеше едвај една недела, па сега новата влада распишува оглас за нови вработувања, за да се вдомат партиски кадри на СДСМ.

Сакајќи да манипулираат со јавноста преку наводна превработеност со која требаше да се оцрни претходната влада и истата да се прикаже како неодговорна и расипничка, СДСМ со распишувањето на огласот за нови вработувања буквално сами се фатија во сопствената стапица, а нивните лаги излегоа веднаш на виделина.