Неизвесноста кој прв ќе стигне до поддршката од 61 пратеник се уште трае. По конституирањето на Собранието течат интензивни преговори за формирање ново парламентарно мнозинство, но засега ниту една од партиите не излегува со конкретни и официјални информации дали и каков напредок има во разговорите.
Во моментов и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ водат преговори со останатите партии за здружување на пратенците во Собрание и создавање владина коалиција.
Синоќа неколку медуми на албански јазик информираа дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се на чекор од договор за коалиција и дека се очекува поддршката на Левица за формирање на малцинска влада.
Од ВМРО ДПМНЕ на ваквите објави одговорија дека информации од непотврден и неидентификувани избори нема ниту да потврдуваат ниту да демантираат. Истакнувајќи дека партиското раководство води разговори за формирање мнозинство.
Портпарол на ДУИ, Бујар Османи вели дека договор засега нема со ВМРО ДПМНЕ, но нема ниту со СДСМ.
Во изјава за дел од медиумите Османи вели дека ДУИ деновиве е во контакт и разговара, покрај со СДСМ како се уште актуелн владин коалициоен партнер и останатите партиите. Со неотфрлајќи ја опцијата да има договор за влада и со ВМРО ДПМНЕ
„Се водат разговори со СДСМ со кого сме во коалиција веќе последните три години, меѓу тоа не се исклучени контактите и со другите политички партии. Сметаме дека добро е да се комуницира со сите без разлика кој ќе биде исходот од тие разговори“ , вели Османи во изјава за Канал 5.
СДСМ преку соопштение денеска велат водат сериозни преговори за формирање нова Влада, а високи функционири на партијата за некои од медиумите тврдат дека веќе е обезбедено мнозинство. Но, засега нема детали кој се’ е дел од тоа мнозинство, ниту пак партиите кои се потенцијални коалициски партнери на социјалдемократите потврдуваат дека имаат договор за соработка.
Од ВМРО ДПМНЕ ги повикаа социјалдемократите на Зоран Заев со прецизни информации да ги потврдат изјавите дека „има мнозинство“.
„Би упатил јавно да ги прашате СДСМ да објават со кои партии имаат формирано парламентарно мнозинство, кои се коалиционите партнери на СДСМ, да изнесат детали, бидејќи зборовите кои што можевме вчера да ги видиме од нивна страна во медиумите, односно од нивни извори „СДСМ има мнозинство“ не се доволни за формирање на влада, туку треба 61 пратеник да се согласи на тоа“, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Шефот на државата Пендаровски соопшти дека нема да го додели мандатот за влада без соодветна потврде дека кандидатот ја има потребата поддршка од 61 пратеник. Рокот за доделување мандат за влада почна да тече од вчера, а партиите ќе имаат време до 14 август да постигнат начелен договор за коалиција.