Учениците во основно и средно образование за прв пат по неколку години ќе ја започнат учебната година ослободени од стресот што го создаваше непотребното екстерно тестирање, со што тие ќе станат попосветени и помотивирани во наставниот процес, а , Владата продолжува со спроведување на зацртаните реформи, се вели во соопштението на СДСМ по повод започнувањето на новата учебна година.
„Владата предводена од СДСМ ги санира штетите во образованието што зад себе ги остави криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Се преиспитуваат образовните програми што се донесени присилно и без расправа, а ќе се ревидираат и сите спорни учебници.
Покрај надминувањето на напластените проблеми, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство активно работат на унапредување на образоввнието, што поради погубните политки на власта на ВМРО-ДПМНЕ со години беше едно од најлошите во Европа. Преку ребалансот на Буџетот за 2017 година обезбедени се дополнителни 10 милиони денари за ученички стипендии и школарини, како и нови 35 милиони денари за студентски стандард.
Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да работат на спроведување на зацртаните мерки во образованието што го унапредуваат образовниот систем и се во интерес на учениците, настаниците и професорите“, се тврди во партиското соопштение.