Владата предводена од СДСМ донесе Одлука за престанок на одлуката за спојување на концесиите за рудникот за бакар и злато во Иловица. Со ова излегуваме во пресрет на граѓаните од овој крај кои со години се противат на отворањето рудници во нивните населени места, соопштија од СДСМ.
Правниот лавиринт околу рудниците во кој е заглавена државата е единствено поради неодговорноста на ДПМНЕ и владите предводени од оваа партија.
Во 2012 Владата предводена од ДПМНЕ дава концесија за рудникот Иловица и уште 85 концесии за други локации.
Никола Груевски, Зоран Ставревски, Миле Јанакиески, Паско Кузман се само дел од функциониерите на ДПМНЕ кои учествуваат во процесот на давање концесии за рудникот во Иловица.
Во 2016 година рудниците се најголемо ветување на ДПМНЕ пред изборите, а тогаш Христијан Мицкоски му е десна рака на Груевски.
Затоа ДПМНЕ и Мицкоски денес се последните што имаат право да зборуваат за отворање рудници.
СДСМ како од првиот ден, така и сега е против рудниците и останува заедно со граѓаните да се бори против нивно отворање, велат од партијата.