СДСМ вечерва на Централниот одбор ќе ги утврдува кадровските решенија

Социјалдемократите вечерва ќе ја одржат шеснаесеттата седница на Централниот одбор на партијата. Од партијата најавуваат дека по завршување на седницата, за заклучоците и одлуките на Централниот одбор, ќе следува изјава за медиумите.

„Поради обезбедување соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од ковид – 19 седницата на Централниот одбор ќе се одржи во х.Холидеј Ин во Скопје“, се наведува во соопштението.

Денеска и Централниот совет на ДУИ, ќе дискутира за изборите и коалицискиот договор. Седницата на советот ја свика лидерот на ДУИ, Али Ахмети.