
Владата на Христијан Мицкоски не ја донесе одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи, оставајќи ги граѓаните и понатаму сами да се справуваат со високите цени. Стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, а владата има поданичка позиција кон бизнис интересите на елитата и на големите трговци и не презема ништо. На Мицкоски воопшто не му е гајле што граѓаните имаат се помалку пари и едвај врзуваат крај со крај, соопштија од опозициската СДСМ.
Колкави долгови има Мицкоски кон оваа бизнис елита штом дозволува да профитираат врз грбот на граѓаните? Веќе е јасно дека владата не само што нема решение за високите цени туку и нема желба нешто да преземе, нејзините економски политики се тотално фијаско и водат кон нова економска криза.
СДСМ бара владата итно да ги прифати 7 те пакет мерки за вистинско намалување на цените, олеснување на економскиот притисок и зголемување на стандардот на граѓаните.
Македонија не смее да биде земја во која профитот на малкумина е поважен од достоинствениот живот на сите!, велат од оваа партија.