СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за ширењето лажни вести за успешната акција на македонската Царина

ДПМНЕ очајно се обидува да ја омаловажува работата на царинските службеници и акцијата за рекордна заплена на хартии од вредност од 92 милиони долари.

Јасно е дека на ДПМНЕ им смета борбата против криминалот и корупцијата, како и успешната работа на Царинската управа на чело со Стефан Богоев.

Дезинформациите со кои очајно мафта ДПМНЕ беа демантирани уште во текот на вчерашниот ден.

Сите запленети обврзници во успешната акција се со доспеан, а не со истечен рок.

Дополнително, патникот кај кого се пронајдени обврзниците пред надлежен суд ја признал вината, по што е донесена пресуда од страна на судот со која обврзниците се одземени.

ДПМНЕ треба да им се извини на граѓаните за ширењето лажни вести.