СДСМ во 2006 и 2007-та потрошиле неверојатни суми за гозби и трошоци

СДСМ обвинува за расипничко однесување, а колку „домаќински“ се однесуваше со општинскиот буџет самата, јавноста никогаш не е доцна да дознае, се вели во реакцијата на Општинскиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ од Дебрца на соопштението на СДСМ во однос на обвинувањата за користењето на општински буџетски средств

„Имено, кога СДС зборува за трошење нека си ги погледне картиците од 2006 и 2007 година, каде имаат потрошено за гозби и ручеци неверојатни суми на средства и кога би се направила компарација помеѓу овие години и сега кога трошоците за живот се драстичночно зголемени во однос на 2006 и 2007-та, ќе се увиди дека последниве години трошоците за репрезентација се минорни со оглед на тоа што тука спаѓаат и трошоците за верскиот празник василица. Како и претходно, секогаш ќе зборуваме со факти, а Ногачески нека продолжи да тони во калта и да пропаѓа во сопствените лаги како никогаш досега, односно се фаќа во мрежата која сам си ја плетит“, се вели во реакцијата на ОИШ ВМРО-ДПМНЕ Дебрца.

Посочуваат дека народот знае кој работи за него, кој реализира проекти.

„На Ногачески нека му биде јасно ако сеуште нема сватено дека на 15 Октомври, граѓаните од Дебрца ќе го дадат гласот за Игор Трајкоски со заокружување на бројот 13 и голема победа уште во првиот круг“, се вели во реакцијата.