СДСМ: Во 2023 година Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо за граѓаните, блокираа и кочеа

На крајот на 2023 година ќе остане забележано дека Мицкоски и ДПМНЕ не направија ништо добро, ништо корисно, буквално ништо за граѓаните и државата. Цела 2023 година ДПМНЕ и Мицкоски ја кочеа државата и ги блокираа законите во Собранието кои се од интерес на сите граѓани, се вели во соошпштението на владејачката партија СДСМ.

„Дури и во Извештајот на Еверопската комисија јасно беше посочено дека ДПМНЕ и Мицкоски се кочничари на реформите, на напредокот и европскиот пат. Иако имавме успешен скрининг, иако имаме огромна меѓународна поддршка и отворени врати во ЕУ, не продолжува со отворањето поглавја поради блокадата на европскиот пат од страна на ДПМНЕ и Мицкоски“, се тврди во партискот соопштение на социјалдемократите.

Според нив „тоа е истата партија којашто се противеше на членството во НАТО…“, и додават дека бројни закони во интерес на граѓаните „беа блокирани од страна на ДПМНЕ во македонското Собрание“.

„Блокадите и кочењата на европската иднина на државата ќе го доживеат финалниот пораз на изборите во годината што доаѓа, се наведувба во партиското соопштение“, се додава во објавта на СДСМ.