СДСМ во битка со странските компании кои го зголемија извозот за 1,7 милијарди евра

Новата власт во неможност да ја продолжи политиката за привлекувае на странски инвеститори во Македонија, отворено ппчна да им се спротивставува на странските инвеститори, а дел од нив веќе планираат својот капитал да го пренасочат во друга држава. Така, уште тристрански компании со околу 1.000 вработени, се веќе пред одлука за нивно затворање. Но, веројтно бројка на лица кои ќе останат без работа поради затворањето на странските инвестииции донесени во времето на претходната влада, ќе биде многу поголема. Бидејќи две странски компании со 2000 вработени се пред официјално затворање.

Владата на СДСМ, во стратегијата за бркање странски инвеститори, почна јавно да објавува и дел од нивните договори со државата, што е преседан и многу неумешен чекор, доколку навистина стојат зад нивните изјави дека на Македонија и се потребни инвестиции, и ќе развиваат поволна деловна клима во државата.

Наспроти од тоа што сакаа да го постигнат со драматична прес-конференција, за наводно огромно  оштетување на државниот буџет поради субвенциите за странските инвеститори, не ја постигнаа целта со нивната „весела математика“.

Државата ги ослободила од плаќање на даноци и придонеси во извесен законски рок и всушност нема никаква оштета на Буџетот, односно тоа се пари на кои државата не би можела да смета бидејќи доколку не се овозможи тоа инвестицијата не би се случила. Јавното објавување на договорте ќе предизвика Србија, Бугарија, Грција, кои исто така се конкуренти за привлекување на инвестиции, да понудат подобри услови и да ги привлечат инвестициите.

Всушност,  без државна помош тие странски компании воопшто не би дошле во Македонија, туку би инвестирале во друга конкурентна земја која исто така нуди државна помош, и не би имало ниту приходи во буџетот, ниту пак вработувања на 23.000 луѓе (заедно со нивните семејства, просечно 3-4 члена едно семесјтво, значи загрозуваат преку 70.000 -80.000 луѓе да останат без приходи).

Процесот на привлекување на стански инвестиции е долг, конкурентен и макотрпен. Глобалните компании разгледуваат многу опции за лоцирање на своите инвестиции. За европските пазари, конкурентни земји на Македонија за трудо интензивни инвестиции се: Украина, Молдавија, Србија, Бугарија, Романија, Албанија, но, не заостануваат и Мароко и Тунис.
За капитално интензивни инвестиции со пософистицирано производство и автоматизација, конкуренцијата се проширува со Чешка, Словачка, Унгарија, Полска и Турција.

Главните параметри на странските инвеститори, при носење на одлуката се: расположива, обучена и едуцирана работна сила, која е ценовно конкурентна, потоа инфтраструктурна поврзаност и пристап до главните пазари за помалку од тридневен камионски транспорт, подготвена инфраструктура за лесно и брзо започнување и реализација на инвестицискиот проект (ТИРЗ-ови каде брзо и лесно со поедноставени процедури се добиваат градежни и употребни дозволи), поволна бизнис клима со намалена бирократија, конзистентност на даночната и монетарната политика, помош и поддршка од институциите при реализација на проектот (т.н. aftercare), можност за дијалог со владата и институциите за подобрување на условите за работа и унапредување на регулативата…

Пакетот на државната помош е важен, но, не секогаш и одлучувачки фактор при носење на одлуката за инвестирање. Регионалната конкуренцијата е голема и државите се трудат да понудат нешто што е специфично и адаптирано за потребите на секој индивидуален инвестициски проект.

Државната помош е пракса насекаде во Европа (вклучувајќи и високо развиени земји во Западна Европа), како и во САД каде федералните држави се борат меѓу себе во процесот на привлекување на инвестиции.

Само во последниот период е актуелна борбата за прилекување на новата заедничка фабрика на „Тојота“ и „Мазда“ од страна на повеќе држави во САД, како и планираната инвестиција на „Фокскон“ во Висконсин и помошта за креирање на 13.000 работни места.

Како земја потписничка на Спогодбата за Стабилизација и Асоцијација – државната помош во Македонија ги следи правилата и прописите на Европската Унија. Стандардниот пакет во ТИРЗ опфаќа даночни ослободувања од персонален и данок на добивка во период до 10 години, учество во трошоци за градба на објектот во износ од 100.000 до 500.000, евра зависно од вредноста на инвестицијата или бројот на нови работни места, ослободување од царина при увоз на опрема и резервни делови и ослободување од комуналии при градба.

Според правилата на ЕУ во Македонија вкупната сума на сите овие бенефиции е лимитирана и не може да надмине вредност од 50 отсто од вредноста на оправдани инвестициски трошоци (за инвестиции до 50 милиони евра) или 50 отсто од износот на трошоците за двегодишна бруто плата на вработените.

Дополнителни бенефиции за креирање на нови работни места и делумно рефундирање на платените задолжителни социјални придонеси (ова може да е сензитивно бидејки мислат дека никој ова не го плаќа, а во релност само три компании имаат добиено делумно ослободување/поврат на оваа ставка), може да се доделат како индивидуална помош и се кумулираат заедно со другите бенефиции и влегуваат во лимитот од 50 отсто.

Постои и законска можност за грант за обука на вработени преку поврат на дел од оправданите трошоци за обуката според стрикно утврдени правила. Сите овие поволности се достапни подеднакво како за странските така и за домашните компании. Најголем дел од државната помош добиена од страна на компаниите отпаѓа на даночните ослободувања. Ова претставува бенефиција за компаниите, но не и трошок за државата, која се откажува од овие даноци во период не подолг од 10 години или порано, додека да се стигне до лимитот од 50 отсто, но тие во секој случај нема да постоеле и да се наплаќале ако инвестицијата не била реализирана. По завршување на периодот на даночно ослободување или до достигнување на лимитот, компанијата ќе продолжи со плаќање на даноци како и секоја друга компанија во РМ.

Мора да се има во предвид дека не секоја компанија може и ќе стигне до лимитот од 50 отсто за државна помош, бидејќи ова зависи од профитабилноста на компанијата за да се искористат и максимизираат даночните и царинските ослободувања.

Следењето на договорите за државна помош е долгорочно и подразбира постојана и детална проверка на реализираните инвестиции, на вредноста, на бројот на креирани нови работни места и дури отпосле исплата на помошта, според утврдените правила и прописи и одобрен буџет. Воедно, корисниците на државна помош должни се по завршување на инвестицискиот проект да ја оддржуваат инвестицијата и бројот на работните места. Како и секој договор, договорите за државна помош предвидуваат и пенали за неисполнување на утврдените обврски.

Од друга страна бенефициите од странските компании за Македонија се многубројни. Моментно вкупната плата во фирмите кои добиваат државна помош и вработуваат околу 23.000 луѓе изнесува околу 110 милиони евра на годишно ниво. Ако се земе сета оваа сума како крајна потрошувачка која се троши во Македонија и на која се плака 5 или 18 отсто ДДВ, тоа значи дека околу 10 милиони евра годишно влегуваат во буџетот на Македонија. Дополнително, адвокатски, проектантски, градежни, траспортни компании, кетеринг услуги, хотелски сместувања, одржувања, сервисни услуги, телекомуникациски услуги како и дел од влезните репороматеријали или ресурси во производствениот процес се активности кои финансиски се реализираат од домашни компании. При процесот на привлекување на странски инвестиции неопходно е да се почне со креирање на бренд и имиџ на земјата како атрактивна бизниз (па, и туристичка дестинација).

Целиот процес на рекламирање и маркетинг на најреномираните ТВ станици во светот (Си-Ен-Ен, Еуроњус, Еуроспорт, Си-Ен-Би-Си, Травел Ченел и други) се прави од многу други земји кои се поголеми и попознати во светски рамки од нас, а и од земји во нашиот регион.
Ова не е трошок, туку е инвестиција која е многу важна алатка во процесот на подигнување на свеста на бизнис заедницата и мултинационалните компании за Македонија.

Примерот на инвестицијата на „Кемет“ и фактот што нивниот ЦЕО ја стави Македонија „во игра“ и побара да се анализира и таа по видената реклама на Си-Ен-Ен во хотелска соба во Лондон, или случајот со рекламата за Македонија во Германска бизнис публикација прочитана во авион за време на лет за Дубаи од страна на сопственикот на „Техникал Текстилс“. И во двата наврати, овие активности резултираа со инвестиции во Македонија од страна на односните компании.