Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство ги реализираат ветувањата дадени кон граѓаните, усвоен е Законот за минимална плата и веќе од следниот месец на работниците ќе им се исплаќа повисока плата од 12.000 денари, а фирмите ќе бидат финансиски поддржани од државата во реализацијата на оваа мерка, се наведува во партиското соопштение.
Според СДСМ, станува збор за „првиот значаен чекор со кој се отвора спиралата на севкупен раст на платите“, и притоа уверуваат дека ефектите директно ќе ги почувствувале околу 130.000 работници кои ќе добиваат повисока плата.
„Со овој закон се исправа долгогодишната неправда кон работниците од кожарската и текстилна индустрија кои исто така ќе земаат минимална плата во висина од 12.000 денари, за разлика од претходно кога земаа плата пониска од минимално утврдената“, се вели во соопштението