СДСМ во неделите што следат ќе одлучи дали ќе ги задржи сегашните министри и партиски раководители

Новите тела на СДСМ кои треба да се формираат на Конгресот што ќе се одржи во наредните недели, ќе ја разгледаат работата на функционерите на извршната власт и ќе одлучат дали ќе останат или не на нивните досегашни функции во идната Влада. Конгресот се очекува да се одржи до крајот на месецов. На него ќе се утврди и мандатот на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, кој вчера доби над 37 илјади гласови од над 44 илјади членови на СДСМ кои гласаа.