Најголемата опозициска партија СДСМ во паника на аматерски начин се обидува да ги избрише трагите за нивната поврзаност со спецiјалната јавна обвинителка.
Откако „Нетпрес” вчера објави дека СДСМ ги порачува и диктира пресовите на Јанева, притоа објавувајќи ФБ статус од кој се гледа дека координаторот на советничката група на СДСМ во Општина Гази Баба Дарио Николовски само неколку минути пред да биде соопштено дека ќе биде покрената истрага, тој на социјалните мрежи објави статус со кој што ја најави прес-конференцијата на Јанева, Николовски денеска на крајно аматерски начин го менува “тајмингот” на објава на постот, со цел да ја избрише трагата откако беше фатен жив.
-Градоначалниче Тони, мислам ти си на ред, слушнете добро за „Космос” се работи, напиша Николовски на неговиот Фејсбук профил, напиша Николовски само неколку минути пред-почетокот на пресот на СЈО.
Ова значи дека советникот на СДСМ од Гази Баба на 15 минути пред воопшто да се појави Катица Јанева на прес комференцијата во четвртокот, точно знаеше кој случај го работело СЈО и како било името на нивниот предмет. Не можејќи да се воздржи, а да не се пофали и да му се закани на градоначалникот, советникот Николовски го објави тоа на сопствениот профил.
Откако ова стана очигледно, денеска Николовски го “едитира” статусот со цел да докаже дека не го објавил истиот пред прес-конференцијата на СЈО, менувајќи го времето на публикување на постот, но и ваквиот негов аматерски обид е разобличен, бидејќи на социјалната мрежа секој може да погледне дали одреден пост е едитиран, кaко што е случајот со конретниот статус на Николовски.
При обидот да ги бришат трагите за нивната поврзаност со Катица Jанева, ова е само уште еден доказ за тесната поврзаност помеѓу СЈО и СДСМ. Ако не постои никаква поврзаност помеѓу СЈО и СДСМ, како тогаш, координаторот на советничката група на СДСМ, Николовски можел предвреме да знае за што точно ќе биде покрената истрага?
Ова оди во прилог на тврдењата дека СЈО дејствува како продолжена рака на СДСМ. Во изминатиот период јавноста беше сведок на тоа како Заев практично најавуваше дека специјалната јавна обвинителка ќе испорача случај, а Јанева одржуваше прес конференции веќе следниот ден. Ако СЈО навистина е независно, како што тврди, како тогаш СДСМ однапред знае кои истраги ќе бидат покренати?