![sdsmm-3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/sdsmm-3.jpg?resize=696%2C422&ssl=1)
Извршниот одбор на СДСМ ја задолжи Централната изборна комисија на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување директни внатрепартиски избори во текот на јуни во транспарентна и демократска постапка, соопшти партијата.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори, како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите. Согласно поднесените оставки повикани се и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со оглед на фактот дека се именувани од претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до изборот на нови.