Во емисијата „Филибастер“ на радио Лидер гостуваше Цветан Трипуновски претседател на републичка комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ кој кажа дека од кога СДСМ е на власт земјоделието во Македонија е вратено години наназад.
Трипуноски појасни дека трудот на земјоделецот е како никогаш досега потценет од оваа власт.
„Денес земјоделците се доведени да едноставно не знаат како да преживеат крај со крај. Кратка анализа во Македонија има 30.000 тутунари кои што се запишани во регистарот во министерството за земјоделство кога ќе го помножете со 4 члена во семејството доаѓаме до бројка од 120.000 наши сограѓани кои што живеат од оваа гранка . изминатава година нивниот труд беше потценет од страна на владата на СДСМ“, додаде Трипуновски.
Во продолжение Трипуновски кажа и дека СДСМ во предизборието ветувале многу проекти како загарантиран откуп и навремени субвенции но ништо од ова не се исполнило. Претседателот на комисијата за земјоделие шумарство и водостопанство Трипуновски кажа дека СДСМ нема континуитет во политиките во земјоделието и дека во изминатите четири години направени се сериозни штети врз земјоделието и земјоделците во државата.
„За жал во Македонија со доаѓањето на СДСМ на власт не само што нема континуитет и успех можеме со сигурност да кажеме дека имаме враќање десетици чекори уназад или години назадување во земјоделието. Еве и зошто СДСМ во предизборието 2016 година имајќи го во предвид фактот дека во Македонија преку 40 % од населението на директен или индиректен начин се занимава со земјоделство ја искористи таа таргет група да понуди проекти кои што ќе бидат подобри односно ќе донесат живот во Македонија. Ќе почнеме со субвениционирањето и сигурниот пласман како најголем проблем ветуваа гарантен фонд 6 милиони евра навремено исплаќање на субвенциите сега по четири години власт на СДСМ имаме назадување во тој сегмент“, заклучи Трипуновски.