Време е за одговорност и глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на држвата. Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, за што имаме силна поддршка и од нашите стратешки партнери Соединетите Американски Држави, се истакнува во денешното сооптение на владејачката СДСМ
„Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ.
Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно, а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура.
СДСМ разговара со сите политички чинители во рамки на Парламентот со цел да се поддржат уставните измени и да продолжи европскиот пат на земјата.
Имаме историска шанса која треба да се искористи, Македонија да оди напред кон исполнување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ“, се вели во партиското соопштение.