Во своето гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, професорот Љупчо Ристовски вели дека власта на СДСМ за две години власт потрошиле неверојатни 9 милиони евра, а за граѓаните нема ниту еден инфраструктурен проект.
За волја на вистината оваа влада за две години потроши 9 милијарди евра. Читајте ми од уста, две години 9 милијарди евра, потроши оваа влада, не видовме еден голем инфраструктурен проект освен крпеници. 9 милијарди се отидени од џебовите на граѓаните. Дали знаете што тоа значи? Ние секојдневно се задолжуваме да го сервисираме долгот, на ивица на свлечиште сме, вели Ристовски.