СДСМ: За хаосот во ЈСП виновни се единствено ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Интегрално соопштение од СДСМ:

„ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е единствено виновна за хаосот кој се случува во јавниот превоз во Скопје. Заради своите теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси. Откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ ги малтретираат скопјани и го запустуваат јавното претпријатие.
По принципот или ние или никој,

ВМРО-ДПМНЕ го блокира градот, а состојбата со која сами си ги блокираат проектите кои ги ветиле, како набавка на нови автобуси е трагикомична.

Откако Коце Трајановски го направи историски најлошиот потег со набавка на кинеските авотбуси кои се распаѓаат по улиците, сега имаме локална власт која е решена по секоја цена да го уништи претпријатието на кое му фалат до 50 автобуси нормално да функционира.

Секојдневно сме сведоци на немили настани од преполни автобуси и луѓе кои колабираат од горештините додека ги чекаат автобусите кои доцнат и се преполни.

За потсетување, локалната власт на СДСМ набави германски автобуси од марката МАН кои ден денес се симбол за квалитет во градскиот превоз.