ВМРО-ДПМНЕ упати реакција во која се вели дека единствена активност во економијата по која што граѓаните ја паметат СДСМ е затворањето на 684 фабрики и бркањето од работа на повеќе од 200.000 луѓе оставајќи ги на улица. Оттаму велат дека СДСМ затвори фабрики и илјадници луѓе остави на улица.
Интегрално соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
На душа на СДСМ оди затворањето на Фринко Битола, ФАС 11 Октомври, Астибо, ГОДЕЛ Скопје, Струмичанка и ЗИК од Струмица, Алумина, Порцеланка, Мирка Гинова, Свилара, Стаклара Скопје, Хемтекс, Фротирка Делчево, Карпош Крива Паланка и уште стотици други фабрики низ цела Македонија.
Тоа е економската политика на СДСМ! Кога се во опозиција мед и млеко им тече од уста, а кога се на валст оставаат пустош зад себе.
Да потсетиме дека СДСМ, покрај другите штети кои ги направи, ги зголеми даноците за промет на станови, лекови и ортопедски помагала, медицински потрошен материјал, енергенси, електрична енергија, огревно дрво, со што овие суштински производи за граѓаните драстично поскапеа.
СДСМ исто така не превземаа никакви мерки за подобрување на бизнис климата, а единствено повластици за водење бизнис имаа партиската олигархија на СДСМ.
Во време на СДСМ не се отвораа странски инвестиции, а и оние малкуте кои беа заинтересирани како АУДИ, Владата на СДСМ ги бркаше, се со цел поранешниот општествен имот без пари да си го распределат меѓу себе.
Денес состојбата е сосема различна. Се отвораат нови фабрики, се вработуваат илјадници луѓе, а се намалија персоналниот данок, данокот на приход, за одредени категории се воведува ослободување од плаќање даноци и придонеси, се воведе и регулаторна гилотина се со цел да се подобри климата за инвестиции и водење бизнис. Со еден збор се реализираат низа активности во континуитет, вклучително и последните законски измени со кои се создава подобра бизнис клима во државата.
Впрочем Светската банка во својот извештај Дуинг Бизнис самата воочува дека Македонија има направено огромен напредок, од 96 позиција во 2006 година (во време на СДСМ) до 30 позиција за 2015 година (во време на ВМРО-ДПМНЕ).
Фактите, бројките, статистиката, податоците, извештаите на меѓународните институции, ја говорат вистината, а таа е дека во време на СДСМ македонската економија и стандардот на граѓаните одат надоле, а во време на ВМРО-ДПМНЕ македонската економија и стандардот на граѓаните одат во нагорна линија, се верли во соопштението.