Избори во Македонија не мора веќе да се одржуваат бидејќи губат секаква смисла. СДСМ објави тендер за купување пратеници од другите партии за да добие мандат за составување нова влада. По сите корупции и рекети СДСМ располага со многу пари и може да си дозволи купивање туѓи пратеници и со тоа целосно да ги урне изборите како одраз на воља на граѓаните, а тоа е основен постулат и модел за било каква демократија во државата. Изборите станаа мафијашка трговија, пишува Вечер.мк.
Дека тоа не е само намера, доказ е што последниве денови пратеници од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, Алијансата и ДУИ веќе се повикувани на разговор од емисари од СДСМ и нудени им се пари.
Ова не е прашање кое може да го реши опозицијата, ниту судот и обвинителството кои се под контрола на СДСМ, ова прашање мора да го решава и реши Европската унија која одлучува за датум за преговори а со држава во која изборите се поништуваат со купување пратеници не е можно да се преговара за членство.
На двајца пратеници веќе им е доставена понуда, на едниот 200.000 а на другиот 500.000 евра за премин во пратеничкиот камп на СДСМ. Дека тендерот е отворен говорат и денешните информации кои ги пренесуваат порталите блиски до Зоран Заев:
Како држава во наредниот период не очекуваат сериозни предизвици, мора да се работи посветено уште од првиот ден и затоа ова се времиња кога е неопходна стабилна Влада која ќе одработи цел мандат за доброто на граѓаните, влада фокусирана на економијата, правдата и преговорите со ЕУ, се јави денеска преку соопштение СДСМ.
„После илинденските празници почнува процесот на преговори за можна коалициска соработка, но она што е јасно е дека сите пратеници во наредниот парламентарен состав ќе имаат можност да се приклучат на прогресивните сили предводени од СДСМ кои обезбедуваат успех, напредок и развој, поддржани од мнозинството граѓани и меѓународната заедница.
Коалицијата што ќе ја предводи СДСМ ќе биде отворена за сите политички чинители, кои прифаќаат да се приклучат на патот кој води напред, односно европскиот пат, патот на правдата и економијата пред се“, се вели во соопштението од партијата на Зоран Заев.
На ВМРО-ДПМНЕ му порачуваат дека најпрво треба да обезбеди демократија за своите членови кои не можат да дојдат до израз во така заробена партија, па потоа да обезбедува и придонесува за иднината на нашата земја.
Нека се реформира внатрешно, да согледа зошто губи на три изборни циклуси по ред, да расчисти целосно и недвосмислено со штетните политики на Никола Груевски и неговото наследство.