Се активираше вулканот на јапонскиот остров Сацума

Вулкан на југоисточниот јапонски остров Сацума денеска почна да исфрла лава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Ерупцијата е на второ ниво на скалата од пет нивоа.

Нема извештаи за евентуална штета во оваа ретко населена префектура Кагошима.

Локалните канцеларии на метеоролошката агенција упатуваат апел луѓето да ја избегнуваат областа, издавајќи предупредување по ерупцијата на ниво 2 на скала до 5.