Општина Штип денес започна со асфалтирање на крак од булеварот „Партизанска“. Проектот се реализира со поддршка на Владата на РМ, преку ЈП за државни патишта кое обезбеди 3 милиона денари, пренесува порталот 1.мк. Се асфалтираат над 400 метри од булеварот:
– Патот е проширен за два метра и од претходните 5, сега има 7 метри на едната лента. Извадена е страта коцка. ЈП „Стипион 2011„ со поддршка на локалната самоуправа и градоначалнкот, со средства во висина од околу 2.5 милиона денари го уреди тротоарот во должина од над 400 метри. Проектот предвидува и втора лента, но тоа не е можно во овој момент, заради бараките на кривината, во кои живее Ромско население. Откако ќе се дислоцираат и ќе се реши проблемот со нивното сместување ќе се реализира и втората лента – изјави за „1.мк“, Драган Ристов, Советник за односи со јавност на Општина Штип.
Тони Јовев, директор на ЈП „Стипион 2011“ додаде дека проектот е дел од годишната програма за уредување на улици и патишта и дека до крајот на годината ќе се реализираат уште неколку локални патишта како што се „Христијан Карпош“ и „Вита Поп Јорданова“ кои исто така се со стара коцка.