Се асфалтира велосипедската патека на булеварот „Туристичка“

На булеварот „Туристичка“ од кружниот тек со улицата „Јане Сандански“ во правец на охридските плажи, денес, започна активности за асфалтирање на велосипедската патека.

Должината на патеката изнесува околу 500 метри.

Активностите се реализираат во рамки на програмата за подигнување на урбаната мобилност од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“.