Се асфалтираат улици во Ченто

Се асфалтира крак од Палмиро Тољати и нов паркинг во Ченто. Попладнево бев на терен во Ченто каде што се во тек градежните активности за асфалтирање на крак од улица „Палмиро Тољати“ и нов паркинг, информира градоначалникот на општина Газа Баба, Бобан Стефковски.

-Продолжуваме со инвестициите во патната инфраструктура. Ќе асфалтираме повеќе од 30 локални улици насекаде низ општина Гази Баба. На овој дел од Ченто се инвестира во инфраструктурата за прв пат по цели 60 години.
#ДелаНаместоЗборови, пишува на Фејсбук.