За ова Судскиот совет ќе расправа на 27-ми јануари. Од таму со цврст став дека нема да ја презакажат седницата до 10-ти јануари, како што бараше Јовица Страшевски адвокат на поранешниот градоначалник Тони Трајковски обвинет во “ТНТ”. Од Судскиот совет изјавите на адвокатот Страшевски, кој деновиве најавуваше кривични пријави, ги оценија како закани.
“ На овој начин адвокатот Страшовски покрај улогата на бранител, настојува да ја менаџира постапката во случајот ТНТ, да ја превземе и улогата на судија, спротивно на принципот на владеење на правото чии сегмент е и принципот на судење во разумен рок.”- пишува во соопштението на Судскиот совет
Во меѓувреме, од скопскиот кривичен суд возвратија на прозивките на дел од адвокатите во случајот “ТНТ” и преку соопштение побараа од Адвокатската комора, МВР и Обвинителството да ги истражат елементите на закани и притисоци упатени кон судот и судијата – поротник.
“ Зачудува фактот што јавните закани-притисоци се генерирани од поединци кои се странки во судска постапка. Изненадува нивниот неетички и непрофесионален однос кој е без почит кон судот и е надвор од надлежностите на еден адвокат- бранител на обвинет. “- пишува во соопштението на судот.
Претседателот на скопска единица Иван Џолев побара од Судскиот совет да го продолжи мандатот на поротничката. Според Џолев нелогично е портоник кој две ипол години учествувал во судската постапка да се разреши поради истек на мандат поради што постапката би почнала од почеток. На ова реагираше адвокатот Еленко Миланов, кој е бранител на ексминситерот Миле Јанакиески во ТНТ.
Судењето за ТНТ е на самиот крај, и доколку не се случеше физичкиот напад врз Трајковски беше очекувано да заврши до Нова година.. Сега, со оглед дека судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани закажаа рочишта скоро секој ден до крајот на месецот, очекувањата се процесот да финишира до седницата на судскиот совет на која ќе се одлучува за мандатот на поротничката.