Се бараат инвеститори за изградба на ски-центарот Галичица

Се бараат домашни или странски компании заинтересирани да го изградат и да стопанисуваат со скијачкиот центар и со туристичкиот комплекс на Галичица од страната над Охридското Езеро. Владата и МЕПСО, кои минатиот месец објавија јавна покана до инвеститори од земјава и од странство да вложат во проектот, чекаат позитивен сигнал, пишува Дневник.

Заинтересираните инвеститори треба да го испратат својот предлог за ски-центарот и за туристичкиот ресорт до 1 септември, по што избраните во средината на септември ќе треба и јавно да го презентираат. Kомпаниите што ќе влезат во најтесниот избор и ќе можат да учествуваат на тендерот ќе бидат објавени кон крајот на септември.

При објавувањето на плановите за изградба на ски-центарот и туристичкиот комплекс и бизнисмени од Охрид и од Преспа најавија дека се заинтересирани да се вклучат во целиот проект, со оглед на тоа дека ќе има големо значење за развојот на туризмот во овој регион. Но, досега с` уште нема конкретни понуди.

– Од објавувањето на поканата за пројавување интерес, кон средината на јуни до денес, немаме комуникација во смисла поставени прашања, барања за информации и слично. Но тоа не значи дека интерес и не постои, со оглед на тоа што многу детални информации се дадени на линковите на веб-страницата на МЕПСО, односно комплетните мастер и бизнис-планови се поставени таму – велат од МЕПСО.

На заинтересираните инвеститори ќе им бидат понудени два пакета. Првиот пакет се однесува на изградба и водење на ски-центарот и на комплексот на Галичица од страната на Охридското Езеро, а вториот е за изградба на туристички комплекс и од преспанската страна.

Целиот текст можете да го прочитате тука.