Се бркале полицајци и дрвокрадци – пукање во воздух, фрлени дрва и бегство во Арачиново

На 13.08.2024 во 20:00 часот на место викано „Рамно“, скопско, полициски службеници од СВР Скопје дале знак за запирање на товарно возило без регистарски ознаки натоварено со огревно дрво, но возилото продолжило со движење кон полициските службеници.

Притоа, еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух, по што со службеното возило тргнале по товарното возило.

При движење, лице од товарното возило исфрлило дел од дрвата и го попречило патот на полициските службеници, по што товарното возило продолжило со движење кон с.Арачиново.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.