Полицијата во американската сојузна држава Илиноис ги очекува резултатите од ДНК анализата за да утврди дали 14-годишното момче коешто во средата е најдено како талка низ државата Кентаки е навистина Тимоти Питцен, момченцето коешто исчезнало во 2011 година непосредно пред самоубиството на неговата мајка, пишуваат во четвртокот локалните медиуми.
Тинејџерот им рекол на властите во Њупорт дека седум години го држеле двајца белци кои ги опишал како „бодибилдери“, но успеал да побегне и да го претрча мостот до Кентаки. Им се претставил како исчезнатиот Тимоти. Потоа полицијата во Илиноис побарала ДНК тест за да се потврди дека станува збор за исчезнатото момченце, пренесува телевизијата CBS News повикувајќи се на претгставници на полицијата.
Канцеларијата на Федералното биро за истраги (FBI) во Кентаки соработува со колегите од Охајо и полицијката од Њупорт во Кентаки, Ауророа и Илиноис, како и со други агенции во истрагата околу исчезнатото дете. Биротот не изнесува други информации, ниту го идентификувала момчето.
Полицијата од Аурора во четвртокот не го потврдила идентитетот на тинејџерот, но изјавила дека се надева оти наскоро ќе може тоа да го стори.
„Примарно се насочивме на помошта од FBI во спроведувањето на истрагата и давањето информации за случајот на исчезнивањето на дететот Тимоти Питцен“, објави полицијата на својот фејсбук профил.
Откако во средата го пронашле тинејџерот, властите во Њупорт ја повикале локалната полиција да ги пребара мотелите и да го пронајде мажите кои момчето ги обвинило за грабнување. Детето го опишало мажите како бодибилдери кои возаеле СУВ „форд“, апрестокувале во мотелот „Ред Руф Ин“.
Тимоти Питцен последен бат бил виден со неговата мајка во мај 2011 година, според пошувањето на The Chicago Tribune, кога го земала својот тогаш шестгодишен син од училиштето во предградие на Ауророа и го одвела во зоолошка градина и аква-парк. Ејми Фри-Питцен набрзо потоа, според написите на медиуми, извршила самоубиство во мотелска соба.
„Тим е некаде сигурен со луѓе кои го сакаат и кои ќе се грижат за него. Никогаш нема да го пронајдете“, напишала во прошталната порака која ја обијави каналот ABC7 Chicago.