![zabrana-sneg-500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/03/zabrana-sneg-5001.jpg?resize=500%2C296&ssl=1)
Се чисти снегот на Стража. Дежурните екипи на „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Од „Македонија пат“ со препорака до сите учесници во сообраќајот, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сигнализација, како и прилагодување на брзината според условите на патот.
Поради снежни врнежи забрана за сообраќај на тешки товарни возила е воведена на патните правци Маврово – Дебар, Стража Попова Шапка и Пресека. За автобуси пак само на патот Тетово, Попова Шапка, соопштија од АМСМ.
Од таму препорачуваат без поголема потреба да не се патува во западниот дел од државата, а потсетува и на законската обврска за носење на зимиска опрема.