МЦЕО како организација настапува како продолжена рака на СДСМ. Па така многу често креира пишани извештаи за состојбата за слободите, образованието, па дури и публикуваше креирани анкети во кој главна мета на отстрел е власта.
Сомнеж за финансиски малверзации отвора и фактот што речиси тотално анонимната невладина соросова организација Реактор за две години само за хонорари и исплати на физички лица поделила неверојатни 11.254,166 денари. Таму извршен директор е Дамјан Здравев кој заедно со Маринела Тушева и Радмила Шекеринска настапуваше на отворените прес конференции кога СДСМ го окупираше со шатори просторот пред владата.
Тој за својот активизам на пример си наплатил 552 илјади денари во 2014та година.
Форум центарот за стратегиски истражувања и документација или накратко Форум ЦСИД е уште еден соросов параван што и лесно може да се заклучи од структурата на самата организација.
Претседател на одборот е Ѓунер Исмаил од СДСМ, Сашо Ордановски кој е отворен поддржувач на СДСМ, а проект менаџер е ќерката на Гунер, Соња Исмаил.
Веќе претходно со точни суми објавивме дека сите овие инкасирале пари од мрежата на невладини на СОРОС. Од истата организација се офајдиле и новинарите Мухамед Зекири и Зоран Бојаровски, Љуми Бекири, Љубомир Фрчковски, Калајџиев, Гордан Горгиев, братучедот на Шекеринска Никола Наумовски и други. Само нивната ФОРУМ ЦСИД свртела по 6.487,890 денари во 2014-та и 2015-та година кои ги исплатила на хонорари на над стотина активисти, кои во најголем дел се присутни на протестите кои ги организира СДСМ.
НВО инфо Центарот што е уште една продолжена рака на СОРОС и СДСМ за хонорари во истиот период поделила по 5.827,675 денари. Меѓу нив како што претходно објавивме беа лица како Фросина Ременски од СДСМ, Маричиќ Бојан, Владимир Вангелов и многу други, сите активни на протестите на СДСМ.
Организацијата Транспарентост Македонија чии членови се Едмунд Адеми од СДСМ, Гордан Ѓоргиев, Ѓунер Исмаил, професорт Гордан Калајџиев, Сашо Ордановски, Марјан Забарчанец, Ана Чупески, сите отворени поддржували на СДСМ свртела само за хонорари 3.234,560 денари.
Само овие 5 невладини организации од над 70-те само за хонорари свртеле 37.154, 541 денари што е огромна сума која завршува во џебовите на учесниците во платеничката револуција на СДСМ.