Изминатава седмица интензивно се водеа преговори околу враќањето на проблематичниот италијански репрезентативец на “Сан Сиро”, а се чини дека двата клуба конечно пронашле заеднички јазик.
Останува да се финишираат некои ситни детали, но извесно е дека Балотели во Милан ќе се врати како позајмен играч со опција за целосен откуп на неговиот договор по крајот на сезоната.
Така Милан ќе треба да плаќа само половина од платата на контроверзниот напаѓач, а вториот дел и понатаму ќе го покрива Ливерпул, кој летово по секоја цена сака да се ослободи од Италијанецот.