Се’ е осмислена кампања за нарушување на мојот углед и чест

Невистините и клеветите изнесени против мене дека јас сум татко на криминалот, дека сум земал во ќеш еден и пол милион евра во една изјава, а во друга два милиони и четиристотини илјади евра и дека сум ја оштетил државата поради неплатен данок, дека сум креатор на криминална мрежа, сè што е наведено во тужбата беше една осмислена кампања во конкретен момент за конкретна цел разработена преку добро сценарио да ми се наруши мојот углед и чест.

Ова го истакна премиерот во својот исказ пред судот за како информациите кои ги обелодени лидерот на опозицијата Зоран Заев  влијаеле врз него.

grz

-Тешка душевна болка и исклучително неприкатно чувство и вознемиреност од перманентното и бесрамно нарушување на мојата чест и углед. Тешко е да се опише чувството и загриженоста дека некој верува во изнесените навреди и клевети. Јас разбирам политичка критика, но ова е сосема друго, додаде премиерот Груевски.

Премиерот Груевски го тужи Заев за наводите за поткуп од случајот „Македонска банка“, кои тој ги изнесе на прес-конференција на која го обвини Груевски дека зел поткуп од 1,5 милион евра од продажбата на Македонска банка, а како доказ понуди аудиоснимка на која се заговара наводниот поткуп, како и тоа дека еден од гласовите на снимката, според Заев, е гласот на Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски од Зоран Заев бара половина милион евра отштета.

Телеграф.мк