![belgorod](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/08/belgorod.jpg?resize=696%2C412&ssl=1)
Жителите на Краснојаружкиот округ во руската област се евакуирани поради украинските напади, изјави утрово началникот на Белгородската област Вјачеслав Гладков.
– Имаме алармантно утро, непријателска активност на границата на областа Краснојаружкиот округ. За да го заштитиме животот и здравјето на нашето население, почнуваме да ги преместуваме луѓето кои живеат во областа на побезбедни места, истакна Гладков.
Тој додаде дека веќе е почната евакуацијата и оти во областа се испратени транспортни возила.