Се финализрираат градежните работи од долниот затворен дел од Градскиот пазар во Велес

Интензивно се работи на повеќе позиции на долниот затворен дел од Градскиот пазар во Велес и остварување на заложбите за што побрзо да биде ставен во функција, информираат од Општина Велес.

– И покрај сите предизвици со подземната инфраструктура и економската и енергетската криза со кои се соочивме, градежните активности се во финална фаза. Со завршувањето на оваа фаза трговците и посетителите ќе добијат модерен пазар, истакнуваат од Општина Велес.

Горниот затворен дел од Градскиот пазар во Велес, кој всушност е една голема настрешница под која се поставени тезги за зеленчук, овошје и друго, беше направена и веќе е во функција пред една и пол година.