Се фрлил пред македонски камион, две деца загинале во сообраќајката

камион

До тешката несреќа дошло откако сè уште неидентификуван маж се фрлил пред камион со македонски регистaрски таблички. Во обид да го избегне телото на автопатот, „мерцедес“ со австриски регистaрски таблички, удрил во оградата, а потоа со задниот дел автомобилот влетал под застанатиот камион.

Од тешкиот удар загинале двете деца што се возеле во автомобилот. Возачот и совозачот со тешки повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Војводина, каде што еден од нив е во животна опасност.

Српската полиција врши увид на местото на несреќата.