Покрај регионалните, во следниот период ќе почне изградбата на експресните патишта кои беа ветени.
Сите тендери се распишани. За таа намена се започна со подготвителни активности на патот Прилеп- Градско, инвестиција вредна 30 милиони евра. Но, ќе се гради и комплетно нов експресен пат со 4 ленти, на место каде што претходно имало само ниви. Штип-Кочани, за каде градежните активности се планирани на почетокот на октомври кога се планира и почеток и изградба на експресниот пат Радовиш-Штип.
Комплетно нов експресен пат ќе се гради и на потегот Ранковце-Крива Паланка, а ќе се гради и патот Крива Паланка-Бугарија за што е во тек проектирање и ќе преставува ново патно поврзување со Република Бугарија.
Истовремено вчера беше објавена и темелна реконструкција на патот од Гостивар до Кичево, како преодно решение до изградбата на нов автопат за што ќе биде и објавен повик за јавно приватно партнерство.
Во однос на автопатската делници се работи и на автопатот Демир Капија- Смоквица, а се распиша тендер за автопатот Неготино- Демир Капија, истовремено се работи и на реконструкција на автопатот Скопје Куманово.
Од регионалните патишта, во моментот се врши реконструкција на патишта во вкупна должина од над 200 километри. Па така се работи па патиштата:
- Битола- Ресен- Буково, каде што дополнително се вршеше дополнително допроектирање
- Патот Кочани- Македонска Каменица- Делчево кој треба да биде готов за 18 месеци
- Патот Мокрино- Смолари, кој 60% е завршен, а ќе биде пуштен во употреба за неколку месеци
- Патот Николиќ- Дојран, за месец ипол ќе биде завршен
- Патот за Маврово се гради, од Бунец до браната е завршен, а од понеделник почнува втората фаза
- Се работи и на патот Бошков Мост- Дебар
- Се работи и на патот Мелнички Мост- Центар Жупа, кој беше ветен на граѓаните. Целосно обновен е и патот за село Новак
- Се работи и на патот Ропотово- Црнилиште- еден милион евра инвестиција
- Патот Кривогаштани- Воѓани се асфалтира
- Патот Брвеница- Чегране е скоро готов, 16 километри се асфалтирани
- Активно се гради и патот Делчево- Голак